Градежните активности на автопатот Кулево – Охрид влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот.
„Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, каде што последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски.
Николоски вчера соопшти дека автопатот Кичево – Охрид ќе биде готов во првата половина на следната година.
Изградбата на овој автопат почна во мај 2014 година по што следеа бројни пролонгирања и дополнителни трошоци.
Во моментов се работи на преостанатите тунели, косини, клучки и безбедносна инфраструктура, а властите уверуваат дека проектот нема повторно да биде одложен.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
