Background

Поединци и компании ја помагале Иранската револуционерна гарда

Владата на САД воведе санкции против 3 лица и 9 компании, вклучувајќи 4 со седиште во Хонг Конг и 4 во Обединетите Арапски Емирати, за помагање на Иран да извезува нафта во Кина.

Истовремено, американскиот Стејт департмент понуди награда до 15 милиони долари за информации што би довеле до нарушување на финансиските механизми на ИРГК, која Вашингтон ја смета за терористичка организација, и нејзините ограноци.

Министерството за финансии на САД објави дека новите санкции на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) се насочени кон поединци и компании кои му помогнаа на Корпусот на иранската револуционерна гарда (IRGC) да продава и транспортира иранска нафта во Кина преку мрежа на компании-параван.

- Advertisement -
Ad image

– Министерството за финансии ќе продолжи да го исклучува иранскиот режим од финансиските мрежи што ги користи за спроведување терористички активности и дестабилизација на глобалната економија -изјави министерот за финансии  на САД Скот Бесент.

Министерството за финансии наведува дека ИРГК се потпира на компании-параван за организирање и собирање плаќања за испораки на иранска нафта.

Оттаму додаваат дека најновите санкции се надоврзуваат на мерките воведени во јули 2025 година против „Златен глобус“ со седиште во Турција, за која Вашингтон тврди дека посредува во продажбата на иранска нафта во вредност од стотици милиони долари годишно.

Тројцата лица опфатени со санкциите работат за нафтениот огранок на ИРГК „Шахид Пурџафари“ и ги координираат плаќањата преку „Златен глобус“, соопшти министерството.

Меѓу санкционираните компании се „Хонг Конг Блу Оушн Лтд“ од Хонг Конг и „Хонг Конг Санму Лтд“, кои Вашингтон ги опишува како компании-параван за продажба и транспорт на иранска нафта.

На листата се наоѓаат и „Оушн Алианц Шипинг ЛЛЦ“ од Дубаи и „Атик Енерџи ФЗЕ“ од Шарџа, кои во текот на 2025 година го олесниле транспортот на иранска нафта користејќи пет санкционирани танкери од таканаречената „флота во сенка“.

Оманската „Зевс Лоџистик Груп“, која организирала бродови за транспорт на иранска нафта, исто така била санкционирана, како и хонгконшката „Џијанди ХК Лтд“, која потпишала договор со ИРГК за купување иранска нафта во вредност од десетици милиони долари.

Хонгконшката „Макс Хонор Интернешнл Трејд Ко Лтд“, за која САД тврдат дека купила милиони барели иранска нафта од ИРГК во 2025 година, и „Бланка Гудс Вселенсер ЛЛЦ“ и „Универзал Форчун Трејдинг ЛЛЦ“ од Дубаи, исто така, се на листата. Министерството за финансии тврди дека „Универзал Форчун Трејдинг ЛЛЦ“ исто така служела како параван за Националната иранска нафтена компанија (НИОК).

Одлуката за санкционирање доаѓа неколку дена пред планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, каде што се очекува Трамп да побара помош од Кина за решавање на конфликтот со Иран и повторно отворање на стратешки важниот Ормуски теснец.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation