Постигнат е договор за измена на 10 члена од Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ и на ОДИХР, на денешниот состанок на работната група за изборното законодавство во Министерството за правда. На состанокот присуствувале претставници на сите парламентарни политички партии, освен на СДСМ.
Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја претставува партијата во работната група, оцени дека состанокот бил продуктивен и дека со консензус е постигнато усогласување на 10 членови од ИЗ.
Претставниците на политичките партии се усогласиле за членовите што се однесуваат на користењето буџетски средства на институциите во изборната кампања, користењето службени профили на институциите на социјалните мрежи за време на избори и на изборна кампања, огласите и постапките за вработувања, како и за изземањето лица со специфични професии од изборниот процес, како на пример медицински лица. Дел од усогласувањето се однесува и на субјектите кои го добиваат избирачкиот список и роковите во кој рок.
Следната средба би требало да се одржи на 20 мај во Министерството за правда.
На денешната средба присуствуваа претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, Левица, ДУИ, ЛДП, Алијанса за Албанците, Вреди и други.
Со седниците претседава министерот за правда, Игор Филков.
Од Министерството за права соопштија декаова е четвртата средба на работната група.
„Во врска со учеството на СДСМ е истакнато дека до Министерството за правда сè уште не е доставено официјално писмено известување за нивно повлекување од процесот. Беше изразено очекување дека партијата ќе ја преиспита својата позиција и ќе продолжи да учествува во работата на групата, со цел реформите во изборното законодавство да се носат низ широк политички и институционален дијалог, во интерес на демократските процеси и довербата во изборниот систем“, соопшти Министерството.
На членовите ќе им се достави и конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори од 2025 година, кој содржи препораки за дополнително унапредување на изборната регулатива и практиките во спроведувањето на изборите.
Министерот за правда Игор Филков информираше и за остварените средби со ДИК, АВМУ , ДКСК, со претставници на граѓанскиот сектор, Државниот завод за ревизија и ОБСЕ/ОДИХР, од каде беа доставени дополнителни мислења и препораки кои ќе бидат предмет на разгледување на следните седници.
„Процесот ќе продолжи да се води инклузивно и низ дијалог меѓу политичките партии, институциите и засегнатите страни, со цел обезбедување на законски решенија усогласени со меѓународните демократски стандарди“, соопшти Министерството за правда.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
