Background

Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет и го отвора патот кон ЕУ

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО

Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет и го отвора патот кон ЕУ

Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат дека вметнувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет.

- Advertisement -
Ad image

Ова е чиста манипулација.

Вистината е спротивна:

Вклучувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет, а не го слабее.

Кога сите граѓани, без разлика на етничка припадност, се дефинирани и заштитени со највисокиот правен акт на државата, тоа ја зголемува кохезијата на општеството и ја зацврстува македонската државност.

На пример нашите сограѓани Србите, кои се значително повеќе во Македонија од Бугарите и Хрватите, според последниот попис, исто така не претставуваат никаков проблем за идентитетот.

Зошто ВМРО-ОКГ не се плаши од нив, а се плаши од Бугарите, на кои според пописот се само 3.504?

Одговорот е јасен: не се во прашање малцинствата, туку намерната блокада на ЕУ интеграциите.

Ако се внесат Бугарите, Хрватите или други малцинства во Уставот, како тоа го слабее македонскиот идентитет?

Напротив – го зајакнува.

Зашто сите тие граѓани се македонски државјани, а малцинскиот статус е само дополнителна заштита на нивните колективни права.

Македонскиот народ останува конститутивен и доминантен народ во својата држава.

Отворањето на вратата кон Европската Унија истовремено значи отворање на вратата за Европското јавно обвинителство. А токму тоа Мицкоски и неговата криминална група најмногу го стравуваат.

Нема повеќе наместени тендери, а следи и одговорност пред институциите на правдата.

Затоа и ја блокираат уставната измена.

Сè останато – „загрозен идентитет“, „бугарска опасност“ и слично – е чиста лага и изговор за да ја заштитат својата криминална мрежа, неказнивоста и можноста за продолжен грабеж на државата.

Мицкоски не се бори за македонскиот идентитет. Тој се бори за својата безбедност и безбедноста на својата криминална група.

СДСМ јасно порачува:

Силен македонски идентитет во силна европска Македонија!

Правда, а не заштита на криминалците.

Европска Македонија или криминална изолација – изборот е јасен.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=wp52ZiFUojA 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation