Background

АКО ГРЦИЈА ГО ПАУЗИРА СИСТЕМОТ ЕЕС ТОА ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ ШТО ВО ТОЈ МОМЕНТ ЧЕКААТ

Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ за РТС изјави дека одлуката за привремено суспендирање на системот за дополнителна контрола на границите не може да се употребува на национална основа, ќе важи за сите оние кои се на границата во тој момент и кои треба да се регистрираат во системот EEС.

– Затоа, не е утврдена стандардна постапка, иако од Европската комисија е сосема јасно. Сепак, самите царински служби многу често постапуваат според сопствено дискреционо право и ја повторуваат таа постапка секој пат – рече Сеничиќ.

Повеќе од еден милион српски туристи кои секое лето одат на одмор во Грција. Грчката влада одлучи дека граѓаните на Велика Британија нема да мора да се подложуваат на биометриска контрола при влегување во земјата како дел од имплементацијата на новиот европски EES (систем за влез/излез). Причината за таквата постапка лежи во стравот од неподносливи гужви на границите и аеродромите, а бидејќи 4,89 милиони британски туристи ја посетиле Грција во 2025 година, целта на оваа мерка е да се намали времето на чекање за најбројните гости во земјата.\

- Advertisement -
Ad image

Во април туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.

– Регулативата ЕЕС им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуални притисоци на граничните премини, а Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки и за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со регулативата – објасни портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа дали постои размислување во Владата за евентуално одложување на имплементацијата и за државјани од балканските земји, како што беше случај со британските туристи.

Целосната имплементација на системот со биометриска контрола на патниците, создаде проблеми и редици и на граничниот премин Евзони-Богородица за влез во Грција, а пред еден месец реагираа и од Унијата на полицајци од Килкис, кои преку соопштение рекоа дека е „срамно и неприфатливо она што се случува на граничните премини поради ЕЕ системот“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation