Background

Мерц не спомена кој ги ослободил од нацизмот

Германија оди по многу опасен пат одбивајќи да ја признае одлучувачката улога на Советскиот Сојуз во победата над нацизмот, а ова не е прв пат, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

– Не е прв пат. Сегашната генерација германски политичари, кои практично молчат за улогата на СССР во победата над нацизмот, воопшто не ја претставуваат Германија во добро светло – додаде Песков.

Тој изрази надеж дека во Германија сè уште има луѓе кои „го зачуваче здравиот разум и се сеќаваат на подвигот на хероите кои го ослободија светот од фашизмот“.

- Advertisement -
Ad image

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека германскиот канцелар Фридрих Мерц очигледно „заборавил кој кого нападнал и кој кого ослободил“ пред 80 години.

Според неа, со потценување на одлучувачката улога на СССР во победата над нацизмот, Берлин се обидува да ги „заведе помладите генерации“ кои растат без ветерани во своите семејства и кои црпат информации од интернет.

Ферманскиот канцелар Фридрих Мерц вчера им ја честиташе на граѓаните за годишнината од ослободувањето од нацистичкиот режим, но не ја спомена одлучувачката улога на Црвената армија, што предизвика критики на социјалните мрежи.

Мерц порача дека 8 мај 1945 година донесе ослободување на милиони луѓе, на Германија и на Европа.

„Овој ден нè повикува никогаш да не заборавиме до што може да доведе омразата. Нè обврзува да се залагаме за слободна, демократска и обединета Германија во силна Европа“ напиша германскиот канцелар на социјалната мрежа Икс.

Кога еден новинар на владиниот брифинг во петокот го праша заменик-портпаролот на германската влада, Штефен Мајер, дали канцеларот Мерц намерно изоставил да ги спомене имињата на ослободителите, за да избегне споменување на Русија или на Советскиот Сојуз, владиниот портпарол одговори дека „тоа може да се должи и на ограничувањето на бројот на карактери на социјалната мрежа Икс.

Кога еден новинар директно го праша кои се ослободителите, Мајер одговори дека „тоа е јасно историски документирано“, избегнувајќи да одговори на прашањето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation