Ана Делви, позната како Ана Сорокин, осудената измамничка чиј живот ја инспирираше хит серијата на Нетфликс „Inventing Anna“, е повторно во центарот на вниманието, овојпат како ѕвезда на нова кампања за Goop, компанијата што ја води актерката Гвинет Палтроу.
Делви, која е во домашен притвор, промовира услуга за достава на храна, а рекламата започнува со крупен план на нејзината електронска нараквица за следење.
Во видеото, таа ја зема кесичката со храна на која пишува „Добра, чиста храна е во оваа кеса“ и превртувајќи ги очите вели: „Не можете да излезете? Не бидете толку драматични“.
Ана Делви, чие вистинско име е Сорокин, беше осудена во 2019 година за голема кражба и тешка измама затоа што од 2013 до 2017 година, оштетила банки, хотели и познаници за повеќе од 200.000 долари, лажно претставувајќи се како богата германска наследничка во Њујорк.
Откако беше условно ослободена од затвор во март 2021 година, таа беше уапсена од Службата за имиграција и царина (ICE) само шест недели подоцна за пречекорување на рокот на престојот во нејзината виза, според Би-Би-Си.
Оттогаш е во домашен притвор од 24 часа, но строгите правила беа олабавени во 2024 година кога отпатува во Лос Анџелес за да учествува во шоуто „Танцување со ѕвездите“, а две години подоцна за снимање на емисијата „Unwell Winter Games“ во Јута, каде што наводно била сместена одделно од другите натпреварувачи.
За рекламата многу се зборува на интернет, а дебатата беше особено жестока на Тик-Ток. Интересно е што коментарите варираа во зависност од платформата. На Тик-Ток, многумина беа воодушевени од идејата, додека на Reddit, коментарите беа поостри: „Како тоа сè уште не е депортирана?“, „Сега има пари, па не се однесуваат кон неа како кон сите нас“, „Преку глава ми е од славење измамници“.
– Најлошото нешто кај Ана Делви е што не крадеше само од богатите. Крадеше од луѓе кои заработуваат 50.000 годишно во Њујорк, носејќи ги на екстравагантни патувања што не можеа да си ги дозволат, убедувајќи ги да ги користат своите кредитни картички затоа што таа ќе им ги врати парите. И секако, тогаш ќе „заборавеше“, гласи еден од коментарите.
Делви, наводно, деновиве бара и издавач за своите мемоари. Според Page Six, нејзиниот ракопис кој го напишала сама „моментално им се нуди на големи издавачи“.
Ја застапува агентот Питер Мекгиган од „Ultra Literary“, познат по тоа што во 2012 година за седумцифрена сума ги продаде правата за мемоарите на Жанет МекКарди „Мило ми е што мајка ми умре“.
Tagged as:
Гвинет Палтроу ја уфрли во реклама најпознатата измамничка од Нетфликс
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
