Три лица загинаа во ерупцијата на вулканот Дуконо на островот Халмахера во Индонезија, а според извештаите, две лица се странски државјани, најверојатно туристи.
Дваесет планинари се изчезнти, а индонезиските власти трагаат по нив во голема спасувачка акција.
Според извептаите, меѓу планинарите кои чекаат евакуација има 9 државјани на Сингапур.
Вулканот Дуконо еруптираше речиси 200 пати од минатиот март, според податоците од Вулканолошкиот институт на Индонезија.
Моментно е наведено второ ниво на предупредување од тристепениот систем за предупредување за вулкани, што укажува на зголемена активност и потреба од претпазливост.
Вулканолошкиот институт на Индонезија наведе дека уште од декември 2024 година им е препорачано на туристите и на алпинистите да се воздржат од активности во радиус од 4 километри од главниот кратер на вулканот Дуконо, поради опасност од исфрлени карпи, пепел и лава.
Сепак, ова не ги одврати планинарите од искачување на планината висока 1.335 метри.
Според медиумските извештаи, ерупцијата исфрлила столб од пепел висок дури 10.000 метри.
Островот Халмахера е најголемиот од островите Малуку во Индонезија.
Минатиот месец, вулканот еруптираше додека група планинари беа во близина. Моментот на хаос, додека водичот за планинарење ги поттикнуваше другите да се искачуваат, беше снимен на видео кое подоцна стана вирално.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
