Background

СО ПИЕТАТА НА ЖЕРНОВСКИ СЕ ОТВОРА МАКЕДОНСКИОТ ПАВИЛЈОН ВО ВЕНЕЦИЈА

Со претставување на проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?) на уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес денеска (08 мај 2026) во 18:30 часот свечено ќе биде отворен македонскиот павилјон на најпрестижната меѓународна изложба на современата уметност во рамките на 61. Биенале на уметноста, што ќе се одржува од мај до ноември 2026 година во Венеција.

На отворањето, како што соопшти Министерството за култура и туризам, присутните ќе ги поздрави државната секретарка во Министерството, Марија С. Ѓоргова.

Македонскиот павилјон е сместен во изложбениот простор „Ex Capella Buon Pastore“ – историски сакрален простор во Венеција, со препознатлива архитектура и автентичен амбиент, кој сведочи за неговата поранешна духовна функција. Денес, овој простор е адаптиран за културни настани и изложби и нуди специфична атмосфера што овозможува силен дијалог меѓу современата уметност и историскиот контекст.

- Advertisement -
Ad image

– Учеството на нашата држава на Венециското биенале, кое е целосно поддржано од Министерството за култура и туризам, претставува дел од долгорочната стратегија за интернационална промоција на македонската култура и уметност. Во изминатите години државата континуирано се претставува со проекти кои третираат актуелни и релевантни теми, со што се зацврстува нејзината позиција во глобалниот културен простор – велат од Министерството за култура.

Куратор на годинашното, 61. издание е Којо Куо, а темата е „In Minor Keys“ („Во молски тоналитет“) – концепт кој ги истражува суптилните, интимните и често маргинализирани наративи во современото општество. Темата ја поставува уметноста како простор за емпатија, рефлексија и тивок отпор, отворајќи прашања за ранливоста, меморијата и човечкото искуство во услови на глобални предизвици.

На годинашното Биенале учествуваат над сто уметници и се претставени над 80 национални павилјони од целиот свет, кои преку разновидни медиуми и пристапи ги адресираат клучните теми на денешницата – од миграции и климатски промени до политички конфликти и идентитетски прашања.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation