Background

АЛТЕРНАТИВНИТЕ НИКОТИНСКИ ПРОИЗВОДИ БЕЗ ЧАД МОЖАТ ДА ГО ЗАБРЗААТ КРАЈОТ НА ПУШЕЊЕТО

На светот му се потребни нови, поефикасни стратегии што можат да го забрзаат падот на стапките на пушење за разлика од глобалните мерки што се преземени досега, предупредуваат Роберт Биглхол, Рут Бонита и Тики Панг, поранешни високи претставници на Светската здравствена организација (СЗО), во нивниот авторски текст во меѓународното научно списание со висок фактор на влијание, „Nature Health“.

Овие експерти со долгогодишно искуство и кредибилитет во областа на глобалното јавно здравје и контрола на тутунот велат дека сегашните мерки веројатно нема да ги намалат стапките на пушење со потребното темпо за постигнување на глобалните цели. Во текот на нивните кариери, овие експерти биле директно вклучени во обликувањето на меѓународните здравствени политики и иницијативи, вклучително и во областите на превенција на незаразни болести и контрола на тутунот. Затоа, како кредибилни и независни истражувачи, нивната позиција има посебна тежина во тековните политички и регулаторни дебати.

Како што наведуваат експертите во текстот, постигнатиот напредок преку Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на СЗО почна да забавува.

- Advertisement -
Ad image

„Имплементацијата на мерките на Рамковната конвенција стагнираше во многу региони, а политичкиот замав ослабе. Ниту доброволната цел на СЗО за намалување на употребата на тутун за 30 отсто до 2025 година, ниту целта за одржлив развој за намалување на предвремената смртност од незаразни болести за една третина до 2030 година, не се на добар пат“, пишуваат експертите.

Сепак, според нив, се појавува нова можност за напредок.

„Брзата појава на регулирани производи со никотин без чад создаде историска можност за забрзување на крајот на епидемијата на пушење. Овие производи, како што се уредите што го загреваат тутунот, никотинските ќесички и електронските цигари, го елиминираат процесот на согорување, кој е главен извор на штетни супстанции во цигарите“, пишуваат авторите на текстот.

Експертите ја оценуваат глобалната цел „без чад до 2040“, дефинирана како преваленца на дневно пушење кај возрасни под 5 отсто до 2040 година, како реална, мерлива и фер за исполнување. За да се постигне оваа цел, неопходен е комбиниран пристап.

– Традиционалните мерки, како што се оданочување, забрани за рекламирање и кампањи за јавно здравје, треба да бидат надополнети со достапност на помалку штетни алтернативи за возрасните пушачи – велат тројцата експерти.

Доказите од земјите каде што алтернативите без чад се широко прифатени покажуваат дека оваа цел е остварлива, при што се одржува силна заштита на младите од пушење и вејпинг. Примерите ги вклучуваат САД, Шведска, Јапонија и Нов Зеланд, каде што е забележан брз пад на стапките на пушење, паралелно со зголемената употреба на алтернативните производи кај возрасните пушачи. Сепак, додаваат авторите, постојат значајни регулаторни предизвици бидејќи сегашниот систем честопати не е усогласен со реалните нивоа на ризик.

„Цигарите остануваат широко достапни, додека помалку штетните алтернативи се соочуваат со построги регулаторни ограничувања. Ова несовпаѓање ризикува да ги заштити најопасните производи, а воедно да го ограничи пристапот до помалку штетните. Затоа, неопходен е пропорционален пристап кон регулацијата“, пишуваат авторите.

Тие заклучуваат дека научните докази и практичното искуство укажуваат оти крајот на епидемијата на пушење е остварлива цел, но само со подготвеност за подобрување и проширување на постојните политики. Интегрирањето на намалувањето на штетите од тутун во глобалните стратегии би можело да претставува клучен чекор кон значително намалување на бројот на пушачи и спасување на милиони животи во наредните децении.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation