Background

Мицкоски изјави дека привршува внатрепартиската реорганизација и очекува во јуни да се работи на усогласувањето на ставовите за тоа како ќе изгледа Владата во иднина

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека привршува внатрепартиската реорганизација и очекува во јуни да се работи на усогласувањето на ставовите за тоа како ќе изгледа Владата во иднина. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со свој став, но дека сака да ги слушне и позициите на останатите коалициски партнери. Не ја исклучува можноста за приклучување и на други партии во владината коалиција.

Прашан дали веќе има констатирано кој не ги исполнува очекувањата во Владата, Мицкоски рече дека сè уште немаат длабински разговарано, но дека прават анализи.

– Правиме анализа, се разбира. И јас лично, но и луѓето од мојот кабинет, имаме некакви индикации, така што, јуни доаѓа, па во јуни ќе имаме повеќе детали – изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по Германско-македонскиот бизнис самит 2026, во организација на АХК Северна Македонија.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на тоа дали ќе има прераспределба на политичката моќ низ ресорите во Владата, со оглед дека ЗНАМ имаат еден пратеник помалку, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ прават анализи и ќе излезат со свој став, но би сакале да ги слушнат и ставовите на останатите коалициски партнери.

– Ние како коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според мене, на тие преговори ќе излеземе со наш став, и тој став пред сè се должи на нашите анализи. Би сакале да ги слушнеме и ставовите на останатите коалициски партнери и се надевам дека како стратешка коалиција и понатаму ќе продолжиме успешно да ја водиме македонската Влада – изјави Мицкоски.

Тој не ја исклучува ниту можноста на владината коалиција да се приклучат и други партии. Прашан дали е можно и други партии да се приклучат на коалицијата, Мицкоски одговори „Сè е можно, да“.

Прашан дали министерот Фатмир Лимани и понатаму ќе остане во Владата, Мицкоски рече дека тоа ќе треба да го одговори раководството на Колицијата „Вреди“, за кое посочи дека е стратешки партнер во рамките на Владата.

– Тоа ќе треба да го прашате раководството на коалицијата „Вреди“, коешто претпоставувам и понатаму ќе биде дел од Владата, бидејќи за нас тоа е стратешки партнер во рамките на Владата, така што ова прашање можеби би требало да го упатите таму – изјави Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖