Книгата „Чудесното подземно патување на Барон Трамп“ го следи богатото момче по име Барон Трамп, кое живее во замокот Трамп и тргнува на патување во Русија со придружник по име Дон. Овие имиња и мотиви беа предмет на шпекулации на социјалните мрежи во последниве години, а приказната доби ново внимание откако Лара Трамп зборуваше за тоа во својот подкаст. Имено, сопругата на Ерик Трамп, во емисијата „My View with Lara Trump“ (Мојот став со Лара Трамп) ги отфрли ваквите тврдења.
– Барон Трамп не е патник низ времето. Тоа е луда теорија! Го познавам Барон 18 години и го гледав како расте – вели таа.
Приказната и „пророчките предвидувања“ за иднината беа дополнително поттикнати и од политичкиот роман на Локвуд, „Последниот претседател“, каде што политички „аутсајдер“ од Њујорк станува претседател на САД, додека градот е во превирања по изборите.
Некои интернет-корисници гледаат сличности со современите настани околу Доналд Трамп, имајќи ги предвид протестите во Њујорк по неговата инаугурација.
Застапниците на теоријата, исто така, посочуваат дека чичкото на Доналд – Џон Трамп, наводно, имал пристап до трудовите на Никола Тесла, па сето тоа се спојува и со наводните цртежи со футуристички вселенски летала од уметникот Чарлс Делшау на кои се наоѓа зборот „Трамп“ и броевите 45 и 47… Патем, Трамп е 45-ти и 47-ми претседател на САД.
Прашањето за патувањето низ времето останува предмет на научна фантастика и теоретска дебата. Физичарот Стивен Хокинг еднаш скептично рече:
– Најдобриот доказ што го имаме дека патувањето низ времето, не е можно и никогаш нема да биде – е тоа што не сме биле преплавени од толпа туристи од иднината.



