Градежните фирми во Охрид работат како да не постојат закони. Камиони без церади разнесуваат кал и шут по цели сообраќајници. Миксери за бетон остaваат бетонски траги на секој агол. Градежна механизација го зафаќа коловозот без никакво обезбедување. И сето тоа на крај , преку атмосферската канализација , завршува директно во Охридско Езеро.
Езерото кое е на листата на УНЕСКО. Езерото кое го рекламираме на цел свет.
Ова не е незнаење. Ова е безобразлук.
Законот за безбедност на сообраќајот јасно вели: секое возило кое транспортира растурачки материјали мора да има церада. Законот за градење го обврзува изведувачот да го заштити јавниот простор. Законот за води забранува испуштање на загадувачи во канализација која се влева во водотеци. Казните постојат. Инспекторатите постојат. Полицијата постои.
Само волјата , неа ја нема.
Кој треба да реагира и не реагира:
Сообраќајната полиција е должна на лице место да казнува нецерадисани камиони. Комуналната инспекција на Општина Охрид е должна да го запре секој изведувач кој го загадува јавниот простор. Државниот инспекторат за градење може да ја сопре градбата. Инспекторатот за животна средина може да поднесе кривична пријава за загадување на езерото.
Наместо тоа , тишина.
Охридско Езеро не е депонија за градежни фирми.
Секој граѓанин може и мора да пријавува: до Општина Охрид, до МВР, до Државниот инспекторат за животна средина. Со фотографија, со датум, со локација.
Ако институциите не работат , јавноста мора да работи наместо нив.
Tagged as:
атмосферска канализација бетон градба градежен отпад Охрид градежна анархија Македонија градежни фирми загадување загадување на Охридско Езеро инспекција инспекциска контрола градби кал камиони коловоз комунален ред нецерадисани камиони Охрид охрид охридско езеро церади шут
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
