Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ. Добри вести очекува на самитот ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи на почетокот на јуни во Подгорица.
Според него, Македонија ќе биде меѓу првите земји со кои Европската Унија ќе потпише договор за т.н. роаминг како дома.
– Има најава за почеток на преговорите, што е позитивен сигнал. Преговорите ќе се однесуваат на секоја земја поединечно и промената е што ќе се потпише специјален договор слично на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија со секоја од државите кандидати. Позитивно е што ние ги исполнуваме условите со донесувањето на Законот за електронските комуникации и со тоа сме, да речеме, во групата што прва ќе почне преговори – изјави Андоновски по Третата регионална конференција на сметководителите и овластените сметководители.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
