Годинава Охрид во фокусот на „Генералка викенд 2026“ преку големата акција за чистење на езерското крајбрежје и уредување на парковските површини.
Иницијативата е плод на соработка помеѓу Сороптимист клубот МОМА Охрид, Општина Охрид, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, клубот Сороптимист Вадуц и нашиот стратешки партнер за управување со отпад, австриската компанија Саубермахер.
Со истата се поттикнува еколошко и женско лидерство, се става акцент на науката и заштитата на УНЕСКО и се донира нова урбана опрема. Клубот Сороптимист МОМА Охрид, како дел од глобалната мрежа на Soroptimist International, со поддршка на Општина Охрид ја презема иницијативата за мобилизација на заедницата. Нашата мисија го поврзува чистењето со едукацијата и застапувањето за правата на жените во одржливото живеење. Академската заедница на УКИМ активно ги мотивира студентите да бидат будни чувари на нашето природно и културно наследство, а компанијата Саубермахер, покрај логистиката, донира 6 нови контејнери за отпад, со што директно придонесува за подобра комунална инфраструктура, посочуваат организаторите.
Според програмата на 8 мај, петок, ќе биде поставена донираната урбана опрема која се состои од 6 нови контејнери за отпад, 3 дозери (држачи) за хигиенски ќеси за миленици и 5 специјализирани канти за одлагање опушоци.
На 9 мај (сабота) ќе се одржи масовната акција на терен за чистење на крајбрежјето и клучни локации во Охрид. Учесници во истата ќе бидат волонтери на Сороптимист, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ученици од проектот „Училишта без пластика“ и претставници на иницијативата „Збогум Буково“.
Ги повикуваме граѓаните, граѓанските организации и бизнис секторот на 8 и 9 мај да ни се придружат кај Конгресниот центар. Опремата (ќеси и ракавици) е обезбедена, потребна е само вашата добра волја за заедно да го исчистиме Охрид и да ја зазелениме Македонија, додаваат организаторите.
Tagged as:
ВО САБОТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО ОХРИД ЌЕ БИДЕ ДОНИРАНА И ОПРЕМА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
