Background

Фустанот од 15.000 стаклени меурчиња на Ајлин Гу, испушташе и вистински меурчиња

На годинашното издание на Мет Гала 2026, едно од најнеобичните модни појавувања беше она на Ајлин Гу – девојка која не е само модна ѕвезда, туку и една од најуспешните скијачки во светот.

Таа е олимписка шампионка во слободно скијање, родена во САД, но настапува за Кина. Освен спортската кариера, Ајлин е и модел и редовно соработува со големи модни куќи, па веќе неколку години е дел од најголемите модни настани.

Токму нејзиниот изглед оваа година привлече огромно внимание.

- Advertisement -
Ad image

Таа се појави во футуристички фустан на дизајнерката Ирис ван Херпен, составен од дури 15.000 стаклени меурчиња, кои создаваа впечаток дека телото ѝ е обвиткано во жива, подвижна структура. Згора на тоа, фустанот не беше само визуелен ефект, во него беше вградена технологија што испушташе вистински меурчиња додека таа се движи.

Креацијата, наречена „Аиро“, е резултат на соработката на дизајнерката Ирис ван Херпен и уметникот А.А. Мураками и претставува спој на мода, наука и технологија.

 

За разлика од многу други ѕвезди кои се инспирираа од конкретни уметнички дела, кај Ајлин инспирацијата е многу поширока и поапстрактна.

Фустанот се базира на т.н. „теорија на меурчињата“ – научна идеја за создавањето на животот и структурата на материјата, според која човечкото тело е во голем дел „празен простор“.

Самата Гу објасни дека ѝ се допаѓа контрастот, нешто што по природа е краткотрајно (меур), овде е „заробено“ и претворено во форма што трае.

Дополнително, целиот концепт се врзува и со нејзиниот спорт – летањето низ воздух, каде времето „забавува“ додека е во скок.

 

Она што го направи овој фустан навистина посебен е фактот што тој не е само облека, туку живо уметничко дело. Скриени микропроцесори и воздушни системи создаваат меурчиња во реално време, претворајќи го нејзиното појавување во перформанс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖