Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека можеби имало пренесување на хантавирус од човек на човек кај блиски контакти на крузер погоден од епидемијата.
Организацијата соопшти дека приоритет е евакуирање на двајца тешко болни патници, по што се очекува бродот, кој моментално се наоѓа во Атлантскиот Океан во близина на Зелен ’Рт, да го продолжи своето патување кон Канарските Острови.
СЗО нагласи дека, и покрај сомневањето за ограничен пренос од човек на човек, ризикот за пошироката јавност останува низок.
Крузерот „МВ Хондиус“ со околу 150 луѓе на бродот е закотвен во близина на брегот на Капо Верде откако тројца патници починаа, а најмалку тројца други се разболеа од сомнителен хантавирус, соопштија СЗО и операторот на бродот.
Бродот, управуван од холандската компанија „Оушенвајд експедишн“, патувал од Аргентина кон Антарктикот кога биле пријавени симптоми, објави АП.
Властите на Капо Верде одбија да им дозволат на патниците да се истоварат поради ризици по јавното здравје, па затоа бродот останува во отворени води.
Се наведува дека на бродот има 24 членови на екипажот и 87 патници, а меѓу болните има членови на екипажот со респираторни симптоми.
Tagged as:
ризик за јавноста СЗО: Можно пренесување на хантавирус кај патници на крузер
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
