Background

ТРЕТ МЕСЕЦ СЕ ПРЕЗЕМААТ МЕРКИ ЗА ГОРИВАТА

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека внимателно се следи состојбата со движењето на  цената на горивата на светските берзи согласно со случувањата со конфликтот на Блискиот Исток и истакнува дека врз основа на тие параметри ќе бидат идните чекори на Владата која презема мерки за поддршка веќе три месеци.

– Вчера е погоден еден танкер во теснецот, тоа предизвика раст на цената на горивата на светските берзи. Погодена е рафинеријата и пристаништето во Фуџеира, тоа е практично оној емират што е под теснецот од каде што може да се заобиколи теснецот и да се продолжи со достава на нафта и нафтени деривати. Сето тоа придонесе да скокне цената на на берзите и во еден момент Брент достигна  114-115 долари за барел. Ја следиме внимателно состојбата и врз основа на тие параметри продолжуваме и да се однесуваме – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, по поставување камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром.

Мицкоски потенцираше дека Владата применува мерки за поддршка поради кризата на Блискиот Исток веќе три месеци и оти како резултат на тоа во државава се најниски цените на горивата во однос на регионот.

- Advertisement -
Ad image

– Имаме намалени акцизи, намалено ДДВ за безоловните бензини, тоа го чини прилично доста Буџетот во овие 60-ина дена. Но, тоа е што е. Резултатот од сето тоа е најевтини горива во регионот. И тоа што ние го правиме е да се обидеме со сите мерки што ни стојат на располагање да го заштитиме стандардот на граѓаните – рече Мицкоски.

Според него, актуелната Влада, со мерките што ги презема, се справува значително подобро во однос на претходната влада.

– Глобална е кризата, тешки се времињата, но ако се спореди, овие мерки што ги прави оваа Влада, која што според Меѓународниот монетарен фонд како процент од БДП е трета во Европа и оние од 2022-та, драматично е подобра ситуацијата. Тогаш  имавме двоцифрена инфлација, а сега според сите авторитети во оваа област, станува збор за криза којашто по својот обем и опфат е поголема од оние две енергетски кризи во 70-тите години и онаа енергетската во 2022-та заедно – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation