Background

Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков им го честита 5 Мај, Денот на македонскиот јазик на граѓаните, истакнувајќи ја неговата непроценлива вредност како темел на националниот идентитет и културното наследство

Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков им го честита 5 Мај, Денот на македонскиот јазик на граѓаните, истакнувајќи ја неговата непроценлива вредност како темел на националниот идентитет и културното наследство.

Љутков нагласи дека македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење, историја и духовност, кој се пренесува низ генерациите и ја отсликува силата и истрајноста на народот.

„Денеска го славиме јазикот што дише во нас. Денеска се слави македонскиот збор, чист и бистар како планинско езеро, во кој се огледува нашата вековност. Во него се впишува нашето постоење. Во секој слог трепери нашиот културен бескрај. Во секоја реченица се реди една тивка, но непобитна вистина, дека сме тука, дека говориме и дека траеме. Македонскиот јазик е наш дом. Дом на нашата мисла, нашите чувства, на нашите сеќавања“, вели министерот Љутков во видео честитката.

- Advertisement -
Ad image

Македонскиот јазик не се мери со бројот на говорници, додаде тој.

„Тој се мери со длабочината на љубовта што ја носи во себе. Со вербата што ја чува. Со силата што ја изразува. Тој е присутен во секој искрен збор, во секое напишано писмо, во секој стих што го допира срцето. Тој е жив, буден, непореклив. Во него живее цел еден народ. Во него се огледува неговата душа. Во него трае Македонија“ посочува Љутков.

Тој потсети дека на овој ден во 1945 година е кодифициран современиот македонски литературен јазик, со што се поставени темелите на неговиот развој и афирмација.

„На денешен ден 1945 година со одлука на Народната Влада на Македонија е кодифициран современиот македонски литературен јазик, а беше утврдена неговата азбука и правопис. Затоа, да го чуваме и да го развиваме, затоа што во него живее нашето исконско постоење и препознатливост пред светот. Нека ни е честит и вековит Денот на македонскиот јазик“,  се вели во честитката на министерот Љутков.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation