Почин познатиот активист, хуморист, новинар и публицист Рамуш Муарам – Цирко, извести Рома Прес. Колегите од медиумот велат дека е загубен силен глас на човек со храброст, дух и вистина во секој збор.
„Неговото дело и посветеност ќе останат засекогаш врежани во нашата заедница. Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен“, пишуваат од Рома Прес.
Муарем подолг период се борел со болест, а зад себе остава значаен белег во медиумскиот и јавниот живот.
Информацијата за неговата смрт ја сподели и Габриел Бајрам, син на поранешниот политичар Амди Бајрам, кој се прости со емотивна порака.
„Се збогувам со тебе, драг Цирко. Беше вреден и прекрасен човек. Енергијата која ја носеше со тебе и ја ширеше меѓу луѓето даваше надеж дека нештата не се така темни“, напиша Бајрам.
Цирко беше најпознат по култната емисија „Циркотека“, која се емитуваше на ТВ БТР и стекна огромна популарност кај публиката. Шоуто остана запаметено по автентичниот хумор, гафовите и урнебесните моменти кои и денес се споделуваат на социјалните мрежи.
Покрај телевизиската кариера, Рамуш Муарем беше препознаен и како гласен борец за правата на ромската заедница, човек кој преку својата работа и јавни настапи настојуваше да ги поврзува луѓето и да придонесе кон поголема еднаквост и разбирање.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
