Background

Адвокатката Ивана Коцевска, која го брани Дејан Јованов, првообвинет за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште побара Обвинителството по службена должност да поведе постапка поради заканите на родителите на загинатите кон нејзиниот клиент, како и јавноста да биде исклучена од судењето

Адвокатката Ивана Коцевска, која го брани Дејан Јованов, првообвинет за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште побара Обвинителството по службена должност да поведе постапка поради заканите на родителите на загинатите кон нејзиниот клиент, како и јавноста да биде исклучена од судењето. Барањето е во врска со заканите на минатото рочиште, кога на барањето мерката притвор на Јованов да му биде заменета со куќен притвор поради здравствени причини, дел од родителите викнаа „Пуштете го Деко, ние ќе му пресудиме“, „Срамота“  и „Кучко“.

– Имајќи го предвид претходното рочиште, кога пред почетокот јас како бранител на првообвинетиот побарав укинување на притворот без притисок на јавноста, токму јавноста без никаква почит кон Судот упати закана кон Дејан Јованов и навреда кон мене. Јас бев фрапирана од таквото однесување на јавноста. Сега официјално поднесувам предлог за исклучување на јавноста од натамошниот тек на постапката, бидејќи судот е должен да воспостави ред во оваа судница. Судот е должен да ја исклучи јавноста поради реакции со кои се ускратува правото на обвинетите да ги бранат своите тези. Кај обвинетите постои впечаток дека се осудени уште пред завршување на постапката и дека има селективност во примена на мерките за обезбедување присуство – рече Коцевска.

Од јавноста во оваа постапка имаше директни закани кон првообвинетиот и барам тие да бидат исклучени, потенцира адвокатката Коцевска.

- Advertisement -
Ad image

Таа наведе и дека на крајот на минатото рочиште родителите на загинатите ѝ го блокирале патот на излегување од паркингот пред судницата, поради што интервенирала полицијата.

– Јас сум тука да бранам клиент, а не да стравувам за мојата безбедност – додаде Коцевска.

Судијката Диана Груевска-Илиевска рече дека лицата за кои Коцевска бара исклучување не се јавност, туку оштетени во постапката и дека биле предупредени за однесувањето на рочиштето.

Таа нагласи дека досега ниедна закана не е нотирана во записник, без разлика од која страна е.

– Првин ќе се опоменува, потоа ќе се исклучува и ќе се казнува. Се знае кога се исклучува јавноста, а тие во овој период не се јавност, туку оштетени во постапката. Ако има потреба, може индивидуално да се исклучува – изјави судијката.

Во врска со инцидентот на паркингот, судијката рече дека се преземени мерки со измени во распоредот на паркингот.

Обвинителството реагираше на предлогот на Коцевска посочувајќи дека се знае кога и во кои околности се исклучува јавноста.

– Предлот е целосно неоснован, како незаконит. Исклучувањето на јавноста не се однесува на странките и на оштетените. Во конкретниот случај беше правилно постапено од судот и беше изречена усна опомена – изјави обвинителката.

Во врска со гонењето по службена должност поради заканите, обвинителката рече дека веројатно станува збор за забуна и дека треба да се имаат предвид интензитетот на заканите и реалната можност за нивното остварување, односно, дека заканите не се со таков интензитет за да има основ да се поведе постапка.

ЈО додаде и дека причините поради кои одбраната на Јованов бара исклучување на јавноста не се предводени во Законот за кривична постапка.

На денешното рочиште Судот соопшти дека Обвинителството дало негативно мислење на барањата за укинување на куќниот притвор на обвинетиот службеник од Министерството за економија, Беким Хаџиу и на мерката притвор на обвинетиот Тодор Јованов, брат на првообвинетиот. На ова реагираа бранителите на двајцата обвинети, кои рекоа дека однесувањето на Обвинителството ги преминало границите во однос на мерките за обезбедување присуство кое веќе преминува во казнување на обвинетите.

Одбраната на обвинетите Јане Јанчевски и Мартин Георгиев изнесе барања за укинување на мерката куќен притвор, посочувајќи дека повеќе не опстојуваат причините за неговото определување.

Обвинителството информираше дека добиле изјава од родителот на сведокот Дарио Трифунов, во која се вели дека тој е во странство и нема да присуствува на денешното судење, како и во блиска иднина, а притоа не оставил информација како да се стапи во контакт со него.

– Затоа предлагаме да се чита неговиот исказ даден во истрагата, бидејќи ова лице како сведок е недостапно на органите на прогон – рекоа од Обвинителството.

Судот информира дека добиле известување од МВР дека и сведокот Александра Пепеларовска не е достапна на органите на прогон.

Денешната расправа продолжува со сослушување на директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, кој ќе зборува за обдукциските наоди на загинатите.

Обвинителството на минатото рочиште ги изведе обдукциските наоди и мислења од Институтот за судска медицина за причините на смртта на жртвите, како и медицинската документација за повредените.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК, загинаа 63, а беа повредени 222 лица.

За пожарот им се суди на 35 луѓе и на 3 фирми за Тешки дела против општата сигурност, а времето на извршување на кривичното дело е од 2012 година до денот на трагедијата. Обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation