Малиот град Паркин во американската сојузна држава Арканзас остана без правото локалната полиција да запира возачи на државни и федерални патишта, по истрага за прекумерно изрекување казни.
Одлуката ја донело обвинителството, кое утврдило дека полицијата била повеќе насочена кон полнење на буџетот отколку кон безбедноста во сообраќајот.
Во текот на 2024 година, градот инкасирал речиси 285.000 долари од казни и придружни трошоци, што предизвикало сериозни сомневања за злоупотреба на овластувањата.
Истрагата била покрената по бројни пријави од возачи, кои тврделе дека Паркин станал позната „стапица за возачи“.
Обвинителот Тод Мареј изјавил дека на локалната полиција нема да ѝ биде дозволено да врши контроли на овие патишта сè до крајот на 2030 година.
Тој предупреди дека полицајците кои ќе ја прекршат забраната може да се соочат со прекршочни пријави за секоја издадена казна.
Контролата на сообраќајот во овој регион ќе ја преземат државната полиција на Арканзас и канцеларијата на окружниот шериф.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
