Неверојатна сцена се случила на лет на „Ита Ервејз“. Авион што полетал со 155 патници од Дакар во Сенегал кон Рим слетал со еден повеќе, новородено бебе.
За време на летот AZ855, патничка во седми месец неочекувано се породила и родила машко дете.
Драмата почнала во текот на ноќта. Кабинскиот персонал пријавил дека една жена не се чувствува добро, а неколку минути подоцна било потврдено дека ѝ пукнал водењакот.
Во авионот имало две здравствени лица, италијанска докторка и француска медицинска сестра. Тие веднаш помогнале.
Породувањето се случило на висина од околу 10.000 метри.
Пилотите разгледувале алтернативни аеродроми. Поради позицијата над Западна Африка, одлучиле да се вратат кон Дакар.
– Мислев пред сè на безбедноста на мајката и бебето – изјавил пилотот Алесандро Ванучи.
По раѓањето, патниците со аплауз ја поздравиле веста. Пилотот признал дека тоа бил еден од најемотивните моменти во неговата кариера.
Бебето го добило името Мохамед Алесандро.
По слетувањето, мајката и новороденчето биле згрижени, а авионот подоцна го продолжил летот кон Рим
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
