Министерот за здравство Азир Алиу најави дека телемедицината ќе стане еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем и надминување на недостигот од лекари во земјата.
Говорејќи за проблемот со заминувањето на здравствените професионалци, Алиу посочи дека дел од решението е во вклучувањето на лекарите од дијаспората преку современи технологии.
– Денес имаме голем број лекари во дијаспората кои се многу добри специјалисти, работат на високо ниво и се почитувани во земјите каде што работат. Ние не сакаме овој човечки капацитет да остане неискористен – изјави Алиу.
Според него, преку телемедицината ќе се овозможи овие професионалци директно или од далечина да се вклучат во здравствениот систем на Македонија. Тој информираше дека веќе остварил комуникација со претставници на академските институции, при што многумина од нив изразиле подготвеност да помогнат, дури и без финансиски надомест.
Проектот веќе е во почетна фаза на имплементација. Телемедицината е пилотирана во два града – Дебар и Делчево, каде што здравствените услуги се обезбедуваат од далечина од Скопје.
– Првата фаза е пилотирање, додека втората фаза ќе се фокусира на стандардизација на процедурите за телемедицина, со цел системот да се прошири и да ги вклучи и лекарите кои работат надвор од земјата – истакна Алиу.
Тој додаде дека третата фаза ќе опфати развој на дигитални системи за напредни анализи, особено во радиологијата. Преку овие системи, специјалистите од дијаспората ќе можат да даваат професионални мислења за случаи кои се третираат во домашните здравствени установи.
Според министерот, телемедицината не само што ќе го подобри пристапот до здравствени услуги, туку ќе создаде и одржлива соработка со медицинските професионалци од дијаспората.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
