Background

ЕКСКЛУЗИВНО: 1.783.782 ПАРЧИЊА БУРЕК , ТОЛКУ ФИКТИВНО „ИНВЕСТИРАЛ” БУРЕКЏИЈАТА ЏЕКО ВО СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР БИТОЛА

Бурекџијата Џеко и неговото семејство со „фиктивни позајмици” влегоа во стечај вреден над 34 милиони евра

Истражувачката екипа на Охридскај открива систематско перење пари, фиктивни побарувања и злоупотреба на судската власт со учество на судии, осигурителни компании и сомнителни бизнисмени во предметот СН Осигурителен Брокер АД Битола. ohridsky

Бурекот на Џеко чини 90 денари , но кај него се сметаат во милиони

Во центарот на скандалот се наоѓа семејството Кадри од Битола. Главниот актер  Џезаир Кадри, познат во битолски кругови како „Џеко” — по занимање е пекар и бурекџија. Сепак, во официјалната табела на пријавени побарувања (Ст.бр.52/25) фигурира со суми кои ниеден бурекџија не би можел легитимно да ги акумулира:

- Advertisement -
Ad image

Според официјалната табела потпишана од стечајниот управник Даниела Блажевска, побарувањата на семејството Кадри изгледаат вака:

  • Денис Кадри, Битола — 4.595.750 денари (заем како гарант, согласно чл.118 Закон за стечај)
  • Јаде Кадри, Битола — 6.737.376 денари (заем како гарант, согласно чл.118 Закон за стечај)
  • Џезаир Кадри, Битола — 160.540.403 денари (заем како гарант, со ДКПСН Битола, Христо Кондовски, Зоран Пејчиновски, согласно чл.118 Закон за стечај) ohridsky

Вкупно семејство Кадри: 171.873.529 денари , или преку 2,8 милиони евра.

Пресметка: Едно парче ¼ бурек = 90 денари. За да ги заработи 160 милиони денари, Џеко требало да продаде 1.783.782 парчиња бурек , исклучиво во кеш, без банкарски трансакции и без никаков данок.

Кеш наместо жиро , класичен модел за перење пари

Во забелешките на документите повеќекратно се споменуваат „позајмици во евра во кеш” , класичен модел за перење пари кој го заобиколува банкарскиот систем за следење на трансакции. Според Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, секоја кеш трансакција над 15.000 евра мора да биде пријавена во Управата за финансиско разузнавање. ohridsky

Според сите познавачи на приликите, ваквите позајмици се фиктивни , дадени со цел да се изиграат вистинските доверители, а истовремено да послужат за перење пари или испумпување на стечаен капитал во корист на криминална група.

Клучен детал: Новата стечајна управничка јавно се изјаснила пред советот на доверители дека фиктивните побарувања во кеш нема да ги прифати.

Не само Кадри , и семејството Фејзоски со иста адреса

Анализата на имињата и адресите открива уште едно семејство во шемата , Фејзоски, сите со иста адреса (ул. Асном бр.10, Битола):

  • Адем Фејзоски: 84.530.709 денари
  • Арбен Фејзоски: 66.200.490 денари
  • Арбреша Фејзоска: 33.088.200 денари

Вкупно семејство Фејзоски: 183.8 милиони денари. ohridsky

Вкупно двете „семејни” групи бараат 589,3 милиони денари (9,6 милиони евра) , сите целосно признати без оспорување. ohridsky

Алармантни факти: Лихварство и скриени каматни стапки

Документите покажуваат екстремно високи каматни стапки: кај Џезаир Кадри камата од 21,9 милиони на главница од 138,7 милиони денари изнесува 15,8% годишно. Уште поалармантно е Васка Бошкоска со 39,6 милиони камата на 131,5 милиони главница  или 30,1% годишна камата, што директно укажува на лихварство и прикривање на вистинското потекло на средствата. ohridsky

Улогата на судијата Колевски и нетранспарентната смена

Клучно прашање е зошто првично назначената судија Татјана Митреска беше експресно сменета и заменета со судијата Иван Колевски без образложение и без транспарентна процедура. Според судски извори, судијата Митреска имала сериозни резерви кон одредени побарувања, побарала детална документација за наводните позајмици во кеш и планирала форензичка ревизија , а нејзината смена се случила преку ноќ, без известување на доверителите. ohridsky

Итен повик до државните институции

Редакцијата на Охридскај упатува итен повик до ЈООРК, АНБ, Управата за финансиско разузнавање, Судскиот совет, Државниот завод за ревизија, УЈП, Комисијата за спречување корупција и Народниот правобранател да преземат итни мерки за разјаснување на оваа криминална шема. ohridsky

Според истражувачкиот тим, станува збор за системска криминална операција во која преку злоупотреба на стечајната постапка се перат милиони евра, се присвојува имот и се уништува владеењето на правото. ohridsky


Текстот се заснова врз ексклузивното истражување на Сашо Денесовски за истражувачкиот тим на Охридскај.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation