Кралот Чарлс и кралицата Камила се наоѓаат во четиридневна посета на Соединетите американски држави.
По слетувањето тие беа пречекани со букет цвеќе, а веднаш потоа беа отсвирени химните на САД и Англија.
Последната ваква посета на британското кралско семејство се случила во 2007 година, додека беше жива кралицата Елизабета.
Оваа посета е во чест на силната врска помеѓу двете земји. Наскоро САД ќе ја прослави 250-тата годишнина од прогласувањето независност од Британија.
Во Белата куќа кралскиот пар беше пречекан од Доналд и Меланија Трамп.
За пречекот, Меланија избра костим со здолниште во путер жолта боја, а кралицата носеше бел фустан со везови. Кралот и претседателот носеа темносини костуми и вратоврски.
Во таканаречената Зелена соба во Белата куќа, четворицата, Доналд, Меланија и кралскиот пар пиеле чај, а потоа следувала раскошна забава во британската амбасада на којашто присуствувале 650 гости.
На настанот во амбасадата на Велика Британија во САД присуствувала политичката елита од САД, како и важни имиња од Англија, а биле поканети и некои истакнати личности, како британскиот олимписки нуркач Том Дејли.
Забавата била организирана од кралското семејство, па следејќи ја британската традиција, за гостите биле направени 3.000 сендвичи со продукти увезени од Англија.
Пред забавата во амбасадата, на кралскиот пар му била претставена временската капсула во која, меѓудругото, биле ставени есеи напишани од ученици во Вашингтон.
Капсулата е направена во чест на 250-тата годишнина од независноста на Америка од Велика Британија и ќе биде поставена под споменикот „Вашингтон“, а ќе биде отворена на 500-тата годишнина од независноста.
На кралскиот пар му остануваат уште три дена во САД и ги очекуваат разни активности со претседателот и првата дама, меѓудругото, и свечена вчера во Белата куќа.
Во среда Чарлс и Камила треба да го посетат Њујорк, а во четврток ќе одат во Вирџинија каде ќе присуствуваат на прослава за 250-тиот „роденден“ на Америка.
Tagged as:
Како си поминуваат кралот Чарлс и Камила на гости во САД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
