Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал средба со претставници на Македонската заедница во Србија.
На средбата што се одржала во владата присуствувале министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и заменик – министерката за европски прашања Викторија Трајков.
„Состанокот помина во дух на конструктивен дијалог и заедничка визија за иднината. Беше испратена силна порака за обединување и сплотеност на Македонците во Србија. Истакната беше и важноста од координирана и континуирана комуникација, при што Македонскиот национален совет ќе има улога на главен и синхронизиран канал за поврзување и застапување на интересите на заедницата“, пишува во објавата на премиерот на Фејсбук.
Соговорниците се согласиле дека само преку заедништво, взаемна поддршка и институционална координација може да се обезбеди посилен глас и подобра иднина за Македонците во Србија.
Средбата доаѓа во пресрет на одбележувањето на 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина.
Tagged as:
Испратена е порака за обединување и сплотеност на Македонците во Србија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
