Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека примирјето меѓу Израел и Либан е продолжено за три3 недели, по состанок во Белата куќа со претставници од двете страни.
Тој најави дека либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ја посетат Белата куќа. Целта е да се продолжи дипломатскиот процес. САД се обидуваат да посредуваат за подолгорочен договор.
Во меѓувреме, пазарите реагираа. Цените на нафтата пораснаа и покрај примирјето. Неизвесноста во регионот останува висока.
Трамп оцени дека разговорите поминале успешно. Тој нагласи дека САД ќе продолжат да работат со Либан. Фокусот е ставен на стабилноста и безбедноста.
„Соединетите Американски Држави ќе соработуваат со Либан за да му помогнат да се заштити од Хезболах“, напиша Трамп.
Тој додаде дека му било чест да учествува на состанокот. Настанот го оцени како историски.
Претседателот на САД се осврна и на конфликтот со Иран. Тој порача дека нема временски притисок. Според него, пристапот дава резултати.
– Не сакам да брзам – изјави Трамп.
– Што и да правам, се чини дека функционира – додаде тој.
Трамп истакна дека нема намера да користи нуклеарно оружје. Според него, воените цели се постигнати со конвенционални средства.
Амбасадорот на Израел во Обединетите нации Дени Данон изрази резерви за примирјето. Тој предупреди дека прекинот можеби нема да го запре конфликтот целосно.
– Либанската влада нема контрола врз Хезболах – изјави Данон.
Амбасадорот вели дека Хезболах испраќа ракети обидувајќи се да го саботира прекинот на огнот, а Израел, како што вели, мора да возврати.
– Секој пат кога ќе видиме закана, преземаме акција.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Хезболах утринава се обвинија меѓусебно за прекршување на прекинот на огнот. Порано, ИДФ соопштија дека пресретнале неколку проектили лансирани од Либан, а сирените се огласиле во областа Штула.
Хезболах, пак, на Телеграм соопшти дека ја таргетирале областа Штула во ракетен напад.
Во соопштението на Икс, ИДФ додаваат дека убиле 3 лица што ги идентификува како „терористи на Хезболах“ откако лицата „неуспешно“ лансирале ракета кон авион на израелските воздухопловни сили.
Во написот се додава дека во два одделни инциденти, Хезболах лансирал ракети кон војниците на ИДФ во јужен Либан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
