Титулата Европска престолнина на културата е една од најсилните европски иницијативи за поврзување на културата, демократијата и урбаниот развој, истакна амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас на денешната конференција „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“.
Амбасадорот потсети дека оваа иницијатива постои од 1985 година и носи значајни економски и социјални придобивки.
Истражувањата покажуваат дека во градовите со силна културна сцена се намалуваат омразата, популизмот и дезинформациите, нагласи тој, додавајќи дека културата гради мостови врз вредностите на мирот, слободата и демократијата.
Тој изрази поддршка за досегашниот напредок на Скопје, но додаде и дека градот има уште многу работа пред себе.
– Ова е моментот кога треба да ги здружиме силите, бидејќи Европската Унија е со вас на ова патување, со своето срце и поддршка – порача амбасадорот на ЕУ.
На денешната меѓународна конференција која се одржа во организација на Град Скопје, културата беше посочена како клучен двигател на урбаниот развој, социјалната кохезија и новиот идентитет на Скопје, а проектот беше оценет како заедничко дело на граѓаните, институциите и меѓународните партнери.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
