Пореметувањето во Ормускиот теснец ги притискаше синџирите на снабдување низ целиот свет , сега тоа влијае и на производителите на кондоми.
Не растат само цените на горивото поради војната во Иран. Нагло зголемената побарувачка за кондоми и сè поголемиот притисок врз синџирите на снабдување го натераа Карекс , најголемиот светски производител на кондоми , сериозно да разгледа зголемување на цените за 20 до 30 проценти. Доколку пореметувањето продолжи, следуваат дополнителни поскапувања, соопшти компанијата за агенцијата Ројтерс.
Извршниот директор на Карекс, Го Мија Киат, изјави дека цените на клучните суровини , вклучувајќи алуминиум, фолија и силиконско масло , се зголемиле за 25 до 30 проценти уште од почетокот на воените дејства пред скоро два месеца.
Компанијата со седиште во Малезија годишно произведува повеќе од пет милијарди кондоми. Во моментов бележи состојба во која побарувачката ја надминува понудата, додека задоцнувањата во транспортот ги оставаат купувачите без производи.
Карекс наведува дека повеќе стока е заглавена на бродови отколку што пристигнува на одредиштето , некои пратки до САД и Европа патуваат и до два месеца. Земјите во развој, кои веќе се соочуваат со недостатоци, исто така бележат дополнителни задоцнувања.
Карекс снабдува
Проширувањето на работата на компанијата го ограничуваат сè поголемите поремеќаји во синџирите на снабдување поврзани со тензиите околу Ормускиот теснец. Сообраќајот низ теснецот е сериозно нарушен уште од почетокот на воениот конфликт. Техеран го затвори пловниот пат како одговор на потезите на САД. Застојот помеѓу двете земји продолжи и оваа недела , откако Иран минатата недела повторно го отвори теснецот, за потоа преку викендот повторно да ја смени одлуката.
Алуминиумот, кој се користи за пакување кондоми во фолија, е особено засегнат. Неговите цени достигнаа највисоко ниво во последните четири години поради растот на трошоците за енергија и транспорт. Цената на силиконското масло пораснала за 30 проценти поради скокот на нафтените цени предизвикан од конфликтот , а тоа дополнително ги зголемува трошоците за производство.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
