Подготвена е методологијата на пресметка на просечната потрошувачка кошница и според пресметките, таа покажува дека секој месец таа е пониска за 13% од онаа на синдикалната кошничка, но не ја објавуваме бидејќи немаме навремени официјални податоци од Државниот завод за статистика, изјави денеска министерот за економија Бесар Дурмиши по седницата на Економско-социјалниот совет.
Тој рече дека за март просечната потрошувачка според методологијата и нивните податоци кои ги црпат од терен покажуваат исто така дека таа е пониска за околу 13% од онаа што ја објавуваат синдикатите, но официјалните податоци од статистика се однесуваат за февруари.
Тој најави дека деновиве ќе се сретне со претставници на Државниот завод за статистика за да разговара за можноста Министерството за економија порано да ги добива официјалните податоци за цените на производите кои што се содржани во кошничката.
-Очекувам овој проблем да се реши и веќе во мај да ја објавиме просечната потрошувачка кошничка. Се работи и на техничките проблеми што се утврдени и граѓаните ќе ги информираме навреме – рече Дурмиши.
Дурмиши рече дека во континуитет се анализираат цените на 4 трговски синџири и на 55 најпродавани производи. Тие за периодот од 1 февруари до 1 април .
-Тие покажуваат минимален пораст на продажните цените од 0,43% набавните цени пораснале за 1%, додека просечната профитните маржи се намалени од 16 на 15%, што значи дека трговците презеле самостојно мерки за стабилизирање на цените – рече Дурмиши.
Тој рече дека ако има промени тогаш ќе се реагира кај маржите како што е направено и кај маржите за вештачките ѓубрива и кај нафтениот гас.
– Ако има потреба од мерки ќе ги преземеме и ќе ги заокружиме маржите да не одат над 10% – рече Дурмиши.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
