Background

Митева информираше за резултатите од мерките на Владата

Портпаролката на Владата Марија Митева информираше за постигнатиот резултат од мерките насочени за заштита на стандардот на граѓаните и стабилизирање на пазарот на енергенси, односно за намалувањето на цената на течниот нафтен гас.

– Од полноќ, „Макпетрол“ ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас, односно плин за 5 денари по литар, од 59 на 54 денари. Во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во пресметка значи приближно 5 денари по литар – рече Митева.

И останатите компании на пазарот го следат овој тренд. Во малопродажба, цените на течен нафтен гас на бензинските станици веќе се намалени во распон од 5 до 6 денари по литар и се движат од 53 до 54 денари.

- Advertisement -
Ad image

– Сакам јасно да потенцирам дека ова намалување не е резултат на краткорочна пазарна случајност, туку е резултат на анализа од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и преку договор и преземена одговорност од страна на трговците, за намалување на бруто маржите. Постигнавме согласност овие маржи да бидат намалени и да се задржат на тоа ниво и во наредниот период, да немаме осцилации коишто сега ќе ги имаме, оваа недела кон намалување, а следната би имале зголемување, што значи дека за повеќе од 10% во трговијата на големо и за 9 до 10% во малопродажба ќе имаме намалување – рече Митева.

Таа објасни дека мерката е преземена врз основа на детална анализа спроведена од Државниот пазарен инспекторат, дека биле детектирани просторите за корекција во ценовната структура, по што следувале разговори со трговците и постигнување договор за намалување на бруто маржите.

Портпаролката изрази благодарност за општествената одговорност којашто е покажана.

– Ќе продолжиме со истиот пристап, со анализа, со дијалог и со конкретни резултати. Пазарот мора да функционира, но мора да биде и праведен. А интересот на граѓаните ќе остане наш врвен приоритет – рече Митева.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation