Background

Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година

Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.

Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на системот во шпицот на летната туристичка сезона може да предизвика значителни застои на граничните премини, со чекања од повеќе часови. Ова, како што посочуваат туристичките работници, директно би влијаело врз квалитетот на туристичкото искуство, но и би можело да резултира со откажување на веќе резервирани аранжмани за летување во Грција.

– Грција е традиционално најзначајна туристичка дестинација за граѓаните на Македонија, а непречениот проток на патници е од суштинско значење за одржување на стабилноста и развојот на туристичката индустрија. Затоа, бараме разбирање и разгледување на можноста за временско одложување на имплементацијата на системот во текот на најфреквентниот период, посочуваат од Туристичката комора при ССКМ.

- Advertisement -
Ad image

Нагласуваат дека иницијативата е во насока на зачувување на добрососедските односи и поддршка на економската соработка меѓу двете земји, особено во делот на туризмот, кој претставува значаен сегмент за регионалната економија.

Туристичката комора очекува позитивен одговор од грчките институции, со цел обезбедување непречено движење на туристите и успешна реализација на претстојната летна сезона.

Ослободување од ЕЕС проверки при патување во Грција во текот на летните одмори, побара и Националното здружение на туристички агенции на Србија (JUTA). Повеќе од еден милион српски туристи, кои секое лето одат на одмор во Грција, се надеваат дека ќе ги избегнат километарските редици на граничните премини.

Грчката влада веќе одлучи дека британските граѓани нема да мора да поминуваат низ биометриски проверки при влегување во земјата како дел од имплементацијата на новиот европски ЕЕС за да се избегне можниот метеж на границите и аеродромите. Грција минатата година ја посетиле речиси пет милиони британски туристи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation