Background

Клиниката за неврологија ги повикува пациентите на преглед

Мигрената не е обична главоболка, туку онеспособувачка состојба што бара посебен третман и медикаментозна терапија, апелираа невролозите на Националниот ден на мигрена, кој за првпат се одбележува во земјава, во организација на Македонското невролошко здружение и Клиниката за неврологија под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“. Во земјава се смета дека околу дванаесет до петнаесет проценти од населението има мигрена, што значи некаде околу 180.000 до 200.000 жители во нашата држава се афектирани од мигрена.

Д-р Емилија Цветковска од Клиниката за неврологија и претседател на Македонското невролошко здружение истакна дека за првпат во земјава се одбележува Националниот ден на мигрена, со цел подигнување на јавната свесност дека мигрената претставува сериозна невролошка состојба, а не само обична главоболка.

Таа нагласи дека мигрената е една од најонеспособувачките невролошки заболувања, при што пациентите за време на напад не се способни за работа или секојдневни активности и често се повлекуваат во затемнета просторија поради чувствителност на светлина, звук, гадење и вртоглавица.

- Advertisement -
Ad image

– Мигрената буквално им краде денови од животот на луѓето. Во Европа се проценува дека околу 50 милиони луѓе страдаат од оваа состојба, а на светско ниво бројката достигнува околу една милијарда – изјави Цветковска, додавајќи дека вообичаените лекови против болка често не се ефикасни.

Според неа, мигрената ги погодува сите возрасни групи, но најчеста е кај работоспособното население на возраст од 25 до 55 години и е трипати почеста кај жените, што се поврзува со хормоналните фактори.

– Во однос на тоа дали постои во детската возраст, постои исто така, порано се сметаше дека во менопаузата поминува. Но, не, постои и кај постарата популација, така што никој не е поштеден од мигрената. Терапијата се дели на онаа која се дава за прекин на акутниот напад на мигрена кога ќе се јави или ако некој има чести напади, превентивна терапија за воопшто да не се јават нападите. И тука е големиот напредок што во последните години постои во светот во терапијата, бидејќи има лекови кои специфично делуваат на механизмите на настанување на мигрена. Вообичаените аналгетици често пати не помагаат и поради тоа треба да се даваат овие лекови – рече Цветковска.

Директорот на Клиниката за неврологија, д-р Јован Божиновски, информира дека од февруари годинава е формирана специјализирана амбуланта за третман на мигрена, низ која во изминатиот период поминале повеќе од 50 пациенти.

Тој посочи дека од 2020 година на клиниката се применува современа терапија за превенција на мигренозни напади, преку Фондот за здравствено осигурување, при што досега се опфатени 117 пациенти.

– Околу третманот на самата мигрена веќе во денешно време постојат многу современи лекови коишто не го запираат самиот мигренски напад, туку го превенираат. Ефектите се охрабрувачки – кај дел од пациентите нападите се значително намалени или целосно отсуствуваат. За оваа година планираме проширување на терапијата за уште 70 пациенти – нагласи д-р Божиновски.

Лекарите предупредуваат дека дел од пациентите сè уште не ја препознаваат мигрената или ја занемаруваат, наместо да побараат медицинска помош, поради што повикуваат на поголема информираност и навремено лекување.

– За жал, одреден број пациенти ниту ја препознаваат, ниту ја третираат, туку едноставно се затвораат во своите домови два-три дена додека трае нападот. Тоа ќе помине, па ќе се вратат на своите работни задачи. Меѓутоа тоа не е целта и еве ги охрабрувам да се јават кај соодветни невролози за соодветно да се дијагностицира – истакна Божиновски.

За да се дијагностицира мигрената, многу е битно да се земе добра анамнеза од самиот пациент за тоа како почнала хронологијата на главоболката и можните придружни симптоми.

– Дел од мигрените одат со аура, односно одредени симптоми кои што претскажуваат дека ќе се случи тој мигренски напад, така што добро земената анамнеза, добар невролошки преглед и потребните доиследувања со дополнителни радиолошки техники, тоа е доволно за да се постави една таква дијагноза – истакна д-р Божиновски.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашко Клековски, рече дека мигрената е состојба која значитено влијае на квалитетот на живот и на продуктивноста на граѓаните.

– Во таа смисла имавме голема чест да ја поддржиме Клиниката за неврологија за започнување на современа терапија за мигрена, која не значи само контрола на болеста туку дава можност и за комплетно надминување на болеста. Сето тоа што може да влијае квалитетот на животот на граѓаните, на продуктивноста, на намалување на боледувањето, на отсуство од работа, ќе го поддржуваме и во иднина – додаде Клековски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation