За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје од годинава, во споредба со истиот период минатата година. Само по овој основ, во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари, односно околу 45,7 милиони евра.
Паралелно со зголемената наплата, во истиот период се спроведени и засилени контроли на терен. Во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари, како и 225,6 килограми тутунски производи, меѓу кои сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички.
Во четири случаи била спроведена предистражна кривична постапка од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги. Притоа се поднесени кривични пријави против четири физички лица и едно правно лице.
Од Царинската управа истакнуваат дека овие активности се насочени кон заштита на државниот буџет, но и кон заштита на здравјето на граѓаните.
На одбележувањето на 34-годишнината од Царинската управа, директорот Бобан Николовски порача дека институцијата има многу поширока улога од самата контрола.
– Нашата улога не е само да контролираме, туку да заштитиме, да спречиме и да покажеме дека законот важи подеднакво за сите. Компаниите што работат законски мора да имаат сигурност и предвидливост. Нашата улога е да обезбедиме услови во кои чесното работење е предност, а за нелојалната конкуренција нема простор. Така се создава здрава економија и се отвораат нови бизнис можности. Тоа е нашата одговорност, но не само наша – тоа е и одговорност на секој поединечен учесник во секоја царинска постапка: транспортер, увозник, царински застапник, патник. За секого од нив важи законот, затоа што носат одговорност и имаат обврска да се однесуваат законски, а не селективно и според моментални лични потреби и убедувања. Само според законот. И само тогаш ќе можеме да зборуваме за систем. Сè друго ќе биде само импровизација. Ние како Управа треба да се стремиме да го достигнеме стадиумот кога не реагираме само на веќе настанати проблеми, туку истите ги предвидуваме и анулираме пред да се случат – порача Николовски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
