Една навидум обична сцена од плажа во Сиднеј се претвори во вистински вирален хит – и тоа поради жена која воопшто не се вознемири од доаѓањето на принцот Хари и Меган Маркл.
Војводата и војвотката од Сасекс деновиве предизвикаа големо внимание кога се појавија на познатата плажа Бонди, иако посетата не била дел од нивниот официјален распоред. По приватна средба со припадници на итните служби и преживеани од минатогодишниот напад на 14 декември, во кој загинаа 15 лица, накратко се спуштиле до морето за да следат демонстрација за спасување на море.
Нивното појавување предизвика вистинска гужва – обожаватели, медиуми, камери насекаде. Но токму тогаш се случи моментот што ги „запали“ социјалните мрежи.
На видеото се гледа како Хари и Меган со придружба минуваат веднаш покрај жена која лежи на пешкир и се сонча – целосно незаинтересирана за хаосот околу неа. Таа не се поместува, продолжи да чита книга и не реагира дури ни кога, според снимката, Хари ја забележува и покажува кон неа.
Видеото брзо стана вирално, а реакциите беа поделени:
„Ја обожавам оваа жена“, „Дајте ѝ медал“, „Вистинска кралица – ништо не ја допира“, „Плажата е јавна, може да лежи каде сака“, пишуваат едни.
Други, пак, критикуваат: „Организаторите требало подобро да реагираат, а не да газат луѓе по плажа без предупредување“, „Можно е да не ни сфатила што се случува“.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.
Овој необичен момент отвори и поширока дебата за популарноста на парот, особено во споредба со нивната посета на Австралија во 2018 година.
– Ова е 2026 – не се воодушевуваат сите од кралското семејство како порано – коментираат корисници.
По епизодата на плажа, принцот Хари и Меган Маркл го продолжија престојот во Сиднеј – уживаа во возење со брод, накратко учествуваа на настан за жени предводен од Меган, а посетата ја завршија со рагби натпревар на стадионот Алијанц.
Во меѓувреме парот се врати во својот дом во Калифорнија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
