Владата на Јапонија по големиот земјотрес формираше оперативна група за вонредни ситуации и ги повика граѓаните од погодените подрачја да се евакуираат на безбедно место, рече денеска јапонската премиерка, Санае Такаичи.
Владата и Јапонската метеоролошка агенција соопштија дека во северните крајбрежни области постои зголемен ризик од таканаречен огромен земјотрес, феномен во кој помал потрес може да предизвика многу посилен земјотрес. Веројатноста за тоа да се случи во наредната недела се проценува на 1 отсто.
Тоа се случи во Јапонија во 2011 година кога земјотрес со интензитет од 7,5 степени претходеше на огромен земјотрес со магнитуда од 9 степени според Рихтеровата скала, при што предизвика големо цунами, а загинаа приближно 20.000 луѓе.
Јапонската Агенција за управување со пожари и катастрофи соопшти дека досега не е пријавена штета или повредени лица по денешниот голем земјотрес што го погоди северниот дел на земјата.
Агенцијата за нуклеарна регулација соопшти дека при земјотресот не се погодени нуклеарните електрични централи и не се забележани никакви аномалии.
Земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на Сенрикуа, северна Јапонија. Земјотресот бил на 10-ина километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на речиси 100 километри од брегот, по што е издадено предупредување за цунами.
Цунами со висина од 80-ина сантиметри е регистрирано во пристаништето Куја. Беше издадено предупредување дека можна е појава на бранови високи и до 3 метри поради што на 128.000 жители им беше препорачано да се оддалечат од брегот.
Предупредувања за цунами беа издадени и во префектурите Ивати и Аомори, за југоисточниот дел на островот Хокаидо и за брегот на префектурите Мијаги и Фукушима.
Земјотресите со интензитет од 7 до 7,9 се категоризирани како големи и можат да предизвикаат штети на зградите. Големите земјотреси може да се почувствуваат на голема оддалеченост, а штети може да предизвикаат и на 250 километри од епицентарот. Големите земјотреси предизвикуваат и цунами. Во светот годишно се случуваат од 10 до 20 големи земјотреси.
Tagged as:
Премиерката Такаичи повика на евакуација од северните области
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
