Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за суспензија на теренот на стадионот „Башкими“ во Куманово по инцидентот на вчерашниот натпревар со Струга Трим Лум.
Воедно, против ФК Башкими 1947 Куманово и лицето Бурак Хида се покренува дисциплинска постапка, а предметот се доставува на понатамошно постапување пред Дисциплинската комисија на ФФМ.
„Фудбалската федерација на Македонија најостро ги осудува сите форми на насилство и недолично однесување и ќе продолжи доследно да ги применува прописите со цел заштита на интегритетот на натпреварувањето и безбедноста на сите учесници“, се вели во соопштението на ФФМ.
Инцидентот се случи по натпреварот од 28. коло на ПМФЛ. Имено, додека делегатот и судиската екипа сè уште се наоѓале на теренот, настанал инцидент во кој биле нападнати играчи и претставници на гостинската екипа од страна на лица поврзани со домашниот клуб и редарската служба.
Во инцидентот се вклучило и лицето Бурак Хида, кое не било заведено во записникот, а кое физички го нападнало претставникот на гостинската екипа, Шаќири Мифтар, нанесувајќи удар во пределот на градите, по што следувале и вербални навреди и недолично однесување кон повеќе членови на гостинскиот тим.
Инцидентот траел околу 10 до 15 минути, по што со интервенција на полициските службеници, делегатот и судиската четворка биле безбедно спроведени во службените простории.
Дополнително, делегатот побарал засилено полициско присуство со цел да се овозможи безбедно напуштање на стадионот од страна на гостинската екипа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
