Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека државата успешно ги евакуирала сите свои граѓани што побарале да бидат извлечени од државите во Заливот нагласувајќи дека процесот е завршен и дека нови евакуации не се планираат.
– Ги организиравме чартер-летовите и ги евакуиравме сите наши граѓани што до тој момент бараа евакуација. Последниот авион од Дубаи беше темпиран подоцна, но по овој процес, веќе немаме намера да организираме нови евакуации – рече Муцунски.
Тој потенцира дека сите граѓани што одлучиле да останат во регионот, и покрај постојните политичко-безбедносни предизвици, тоа го направиле на сопствен ризик.
Муцунски истакна дека обврската на државата била да им овозможи безбедно заминување на сите што сакале да се вратат додавајќи дека покрај домашните државјани, биле евакуирани и граѓани од други земји од регионот, како и од земји членки на Европската Унија.
Во однос на трошоците, министерот информира дека за евакуацијата била спроведена јавна набавка со максимален износ до еден милион евра, но конечната сума ќе биде дополнително утврдена.
– Ќе провериме со службите и ќе го доставиме точниот износ на потрошените средства. Тоа зависеше од бројот на реализирани летови – изјави Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со својот казахстански колега Арман Шакалиев.
Тој нагласи дека државата донела одлука целосно да ги покрие трошоците за евакуација за разлика од некои други земји, кои барале рефундација од своите граѓани, и истакна дека во такви кризни моменти државата треба да стои покрај своите граѓани и да ја преземе одговорноста кон нив.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
