Background

Министерот Муцунски изјави дека во тек е пополнување на местата на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изјави дека во тек е пополнување на местата на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва. Тој истакна дека една поголем група кандидати за амбасадори и генерални конзули поминала на седница на Влада пред неколку недели.

– Имињата не можам да ги споделам бидејќи постапката е сѐ уште класифицирана. За сите се побарани агремани, за дел од нив имаме добиено одговор, и тоа е нормално во дипломатската практика да чекаме одговор. Природно се случува на некои амбасадори ќе им завршуваат мандатите, но работиме во некој поскорешен период да имаме целосна пополнетост на позициите шефови на дипломатско-конзуларни претставништва, од гледна точка на амбасадори и генерални конзули – рече Муцунски на заедничката прес-конференција со министерот за трговија и интеграции на Казахстан Арман Шакалиев.

Во меѓувреме, посочи Муцунски, и во тие главни градови каде што нема амбасадори, има вршители на должност амбасадори, кои се искусни дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

- Advertisement -
Ad image

Муцунски пред околу еден месец потсети дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори и генерални конзули се професионални дипломати од редот на вработените во МНРиНТ со богата дипломатска кариера од повеќе од 20 години, и како што нагласи „тоа се врзува со нашата заложба која почна со измените и дополнувањата на Законот за надворешни работи“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation