Background

Славески договори техничка и експертска поддршка од Светска банка

Светската банка и натаму ќе ги поддржува активностите на Народната банка за интегрирање на нашиот финансиски систем во европските платни системи, а особено преку воспоставување платен систем за инстант плаќања и негово регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирање со ТИПС ( Target Instant Payment Settlement) на Европската централна банка.

Ова беше посочено на средбите на гувернерот Трајко Славески и заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани и регионалната директорка за Западен Балкан при Светската банка Шjиаочjинг Ју. Средбата се одржа за време на пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД.

Како што е соопштено, Народната банка во моментов е фокусирана на воспоставување систем за инстант плаќања во земјава заснован на клонот на ТИПС, којшто го развива Банката на Италија за пет земји од Западен Балкан согласно одлуката на Управниот совет на ЕЦБ. За таа цел Народната банка и Светската банка потпишаа договор за техничка соработка којшто ќе обезбеди експертска поддршка во дизајнирањето и воведувањето на системот, како и за негово усогласување со современите европски практики.

- Advertisement -
Ad image

Договорот го потпишаа гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани.

На средбата е оценето дека напорите на Народната банка, со поддршка од Светската банка (СБ), за зачленување на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како и за успешно завршување на процесот за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA веќе даваат конкретни резултати преку поевтинување и унапредување на брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања во евра за граѓаните и за компаниите.

Притоа е  нагласено значењето на партнерството во рамките на повеќе проекти за кои Светската банка обезбедува техничка поддршка за Народната банка.

„Постојаната соработка придонесува за подобри механизми за зајакнување на финансиската стабилност, унапредување на регулативната и супервизорската рамка, развивање на макропрудентните политики, модернизација на платните системи, зајакнување на управувањето со ризиците, како и за поддршка во процесите на дигитализација, финансиска вклученост и усогласување со меѓународните стандарди и најдобрите практики“, се наведува во соопштението.

Напорите на Народната банка, со поддршка од Светската банка (СБ), за зачленување на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како и за успешно завршување на процесот за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA веќе даваат конкретни резултати преку поевтинување и унапредување на брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања во евра за граѓаните и за компаниите.

Делегацијата на Народната банка во Вашингтон учествува и на тркалезна маса со претставниците на Светската банка, Банката на Италија и централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, на која се разгледуваат тековните активности и следните чекори за воведување на системот за инстант плаќања заснован на клонот на ТИПС.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation