Background

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон оствари средба со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон оствари средба со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли. На средбата беше нотирана и поздравена заложбата на Владата за натамошна фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит на среден рок под 3%.

– Владата и Министерството за финансии остануваат цврсто на определбата за постепена фискална консолидација и истовремена поддршка на економскиот раст преку обезбеден висок износ на капитални расходи во Буџетот. Клучен приоритет е задржување на стабилноста во јавните финансии, а имајќи ги предвид особено случувањата на меѓународен план и предизвиците кои што произлегуваат особено за мали и отворени економии како нашата – рече министерката.

Таа посочи дека покрај напорите за фискална консолидација особено се работи на мерки за одржување и засилување на економската активност којашто имаше позитивен тренд во втората половина од 2024 и во текот на 2025 година и стапки на раст околу и над 3%.

- Advertisement -
Ad image

На средбата беше потенцирано дека спроведувањето на фискалната консолидација е особено важна за создавање простор во буџетот за реакција на фискалната политика во услови на криза. При тоа беше укажано на мерките што се спроведуваат во моментов за поддршка на економијата и граѓаните заради растот на цените на енергенсите а како последица на конфликтот на Блискиот Исток. Министерката посочи дека Владата има внимателен пристап и дека се следи состојбата и се преземаат соодветни мерки за справување со предизвиците.

Соговорниците се осврнаа и ги поздравија наодите на извештајот од Мисијата на ММФ за член 4, којашто беше спроведена во текот на минатиот месец, и упатија на натамошно спроведување на реформите во областа на јавните финансии за кои нашата земја добива значајна експертиза од ММФ.

Беше поздравено и формирањето на новата иницијатива за поддршка на земјите од Западен Балкан и Молдавија  во зајакнување на институциите, креирање политики и спроведување реформи во согласност со европските стандарди.

На средбата учествуваше и гувернерот Трајко Славески кој ја истакна определбата на Народната банка за водење претпазлива, конзистентна и кредибилна монетарна политика, која е насочена кон одржување на стабилноста на цените и заштита на финансиската стабилност во услови на засилена глобална волатилност и неизвесност.

Во разговорите беше нагласено и значењето на независноста на централните банки, вклучително и нивната оперативна и финансиска независност, како клучен предуслов за ефективно и навремено спроведување на монетарната политика и за одржување на довербата во институциите. Во овој контекст беше истакнато дека стабилните институционални рамки се особено важни во периоди на зголемени надворешни шокови и брзи промени во глобалното окружување.

Од страна на соговорниците беше реафирмирана важноста на континуираната соработка меѓу Народната банка и ММФ, како и поддршката на Фондот во насока на натамошно унапредување на аналитичките и институционалните капацитети.

Средбата, како што беше оценето, претставува потврда на заедничката заложба за одржување на макроекономската стабилност и зајакнување на отпорноста на економиите во услови на зголемени глобални ризици, при што централните банки остануваат клучен столб на стабилноста.

Министерката за финансии со средбата со заменик-генералниот директор на ММФ го заврши престојот во Вашингтон, кадешто учествуваше на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, одржа состаноци со високи претставници на ММФ и Светска банка, состаноци во Трезорот на САД, во Стејт департментот, како и средби со повеќе меѓународните финансиски институции и корпорации.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation