Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски оствари одличен резултат на маратонот во Белград, каде утрово го освои второто место.
Ивановски трката ја заврши со време од 2:09:35, заостанувајќи 25 секунди зад победникот Гада Гемсиса Гудета. Гада од Етиопија победи со време од 2:09:11, додека трет заврши Кениецот Јохан Ерота (2:09:55).
Остварувањето на Ивановски беше за помалку од една секунда поспоро од националниот рекорд што го постави во февруари 2024 година, кога ја истрча маратонската патека во време од 2:08:26.
Вториот македонски натпреварувач Мартин Трајановски го освои 20 место на маратонот во Белград со време од 2:45:44.
На женската маратонска трка победи Ден Алему Дади од Етиопија со време од 2:30:22 часа.
На 39. Белградски маратон настапија повеќе од 2.000 маратонци од над 70 земји.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
