Секоја акција на американските сили што ја нарушува контролата на Иран врз Ормускиот Tеснец, вклучително и отстранувањето мини, Иран ја смета за кршење на примирјето, соопшти синоќа претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф.
– Американците во последните денови ја објавија својата блокада, тоа е неодговорна и погрешна одлука. Невозможно е ако ние не можеме да поминеме низ Ормускиот Теснец, други да можат да го сторат тоа. Ако САД не ја укинат блокадата, транзитот низ Ормускиот Теснец сигурно ќе биде ограничен – рече Калибаф.
Според него, Иран би отворил оган врз американски воен брод стациониран во близина на Ормускиот Теснец во случај тој „да се приближи уште повеќе“ до Теснецот во однос на моменталната позиција.
– Доколку тој се приближеше, дефинитивно ќе отворевме оган врз него – рече Калибаф, додавајќи дека ја информирал американската делегација за оваа можност за време на преговорите во Пакистан.
Иранската револуционерна гарда синоќа соопшти дека Ормускиот Теснец ќе остане затворен поради кршење на прекинот на огнот од страна на САД. Во соопштението, гардата наведува дека неколку бродови поминале низ Ормускиот Теснец завчера, но дека „поради кршење на условите на прекинот на огнот, американскиот непријател не ја укинал поморската блокада на иранските бродови и пристаништа“.
„Затоа Ормускиот Теснец ќе биде затворена сè додека не се укине оваа блокада“, се додава во синоќа објавеното соопштение.
Во исто време, Иранската револуционерна гарда предупреди дека ниту еден брод не смее да се помести од своето сидро во Персискиот Залив и во Оманското Море, а приближувањето кон Ормускиот Теснец ќе се смета за соработка со непријателот, додека секој брод што ќе ги прекрши овие услови ќе биде цел на напад.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
