Background

СИНОТ НА ТЕУТА АРИФИ ПРИВЕДЕН ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ДИЛАЊЕ ДРОГА

Тетовската полиција вчеравечер изврши претрес во еден изнајмен стан, како и во куќата на поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи, по сомневања дека нејзиниот 16-годишен син е вклучен во продажба на наркотични средства, објави порталот на албански јазик „Алмакос“.

Според информациите на порталот, синот на Теута Арифи бил приведен во полициска станицазаедно со неговиот татко, актуелен судија во Врховниот суд. Информациите подоцна ги потврди и СВР Тетово.

„Според полициски извори, било пронајдено значително количество наркотици. Според наодите, дрогата била подготвена и била спакувана за продавање. Полицијата пронашла во станот на малолетникот готови кеси, 120 грама марихуана, подготвени запродажба и како и 1,5 грам чист кокаин“, пишува порталот.

- Advertisement -
Ad image

Според соопштение на полицијата, на 16.4.2026 година во 22:05 часот, полициски службеници од Секретаријатот за внатрешни работи од Тетово лишиле од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело според член 215 од Кривичниот законик. При претрес на објект во Тетово, извршен со согласност на сопственикот, кој малолетникот го изнајмил и го користел под кирија, пронајдени се и запленети се 34 пакувања марихуана, кутија и кеса марихуана, како и едно пакување бел прашок.

Малолетникот е приведен во полициската станица и во присуство на родителот ќе се изврши службен разговор со него. По целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – се вели во соопштенито на полицијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation