Background

Се насетува ли брз крај на војната меѓу САД и Иран?

Либанците слават со истрели на улиците по стапувањето во сила на прекинот на огнот со Израел, додека раселените жители почнаа да се враќаат во своите домови, пишуваат западните медиуми.

Кревкото примирје, иако беше прекршено во раните часови, донесе позитивни реакции од светските лидери. Информацијата доаѓа во време кога, според дипломатски извори, се подготвува нова рунда разговори меѓу САД и Иран.

Но, реакциите во Израел за примирјето се значително поразлични. Многу жители од северот го осудија десетдневниот прекин на огнот.

- Advertisement -
Ad image

Локалните власти тврдат дека одлуката ги изненадила. Израелскиот премиер посочи дека војската останува во Јужен Либан сè до целосно разоружување на паравојската Хезболах поддржана од Иран.

Иако договорот стапи на сила на полноќ, тензиите не исчезнаа. Борците на Хезболах испукуваа ракети до самиот почеток на примирјето. Израелското гранатирање продолжило уште кратко време потоа.

Ова укажува дека договорот е чувствителен и лесно нарушлив.

Меморандум па договор меѓу САД и Иран ?

Во меѓувреме Ројтерс објави дека е можен меморандум за разбирање меѓу САД и Иран, додека Политико пишува дека претседателот на САД брза за договор со Техеран поради економски притисок.

Ројтерс споменува рок од 60 дена за потенцијален договор по потпишувањето евентуален меморандум.

Пакистанскиот воен врв веќе бил ангажиран во разговори во Техеран. Се постигнал напредок по неколку клучни прашања.

Трамп изјави дека Иран прифатил да го одложи збогатувањето ураниум на 20 години.

 

Макрон со поддршка и предупредување

Францускиот претседател Емануел Макрон даде поддршка за договорот. Во исто време, предупреди дека ситуацијата останува кревка.

– Постои ризик прекинот на огнот да биде прекршен – изјави Макрон посред кого Хезболах мора да се разоружа, а Израел да го почитува суверенитетот на Либан.

Во Париз се подготвува и мултилатерална иницијатива за безбедноста во Ормускиот теснец.

Иран го гледа примирјето како успех

Иран го поздрави примирјето и го оцени како дипломатски успех. Техеран смета дека тоа е резултат на отпорот на Хезболах.

– Ова е дел од пошироко разбирање со САД – изјави портпаролот Есмаил Бакаеи.

Иран се залага за поширок регионален прекин на огнот.

Пакистан, кој посредува меѓу САД и Иран ја поздрави веста за прекинот на огнот во Либан. Премиерот Шехбаз Шариф ги пофали дипломатските напори на САД. Тој ја истакна поддршката за суверенитетот на Либан.

Разговорите меѓу Израел и Либан се одржаа во Вашингтон. Овој процес се смета за значаен чекор кон нормализација на односите.

„Клучен чекор“

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го поздрави договорот и им се заблагодари на САД за посредништвото. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оцени дека примирјето е „олеснување“ по големите загуби.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта потврди дека поддршката за Либан ќе продолжи.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани го оцени договорот како „клучен чекор“.

Слични пораки испратија и Обединетите Арапски Емирати, со акцент на спречување на нова ескалација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation