Вреди го одржи својот прв конгрес на 9 мај, на Денот на Европа, кога ќе ја официјализира трансформацијата во политичка партија. Ова го најави градоначалникот на скопската општина Чаир и лидер на Демократското движење, дел од владејачката коалиција Вреди, Изет Меџити, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.
Меџити посочи дека изборот на датумот има симболично значење и ја одразува определбата на коалицијата кон европските вредности и интегративните процеси.
Според најавите, новиот политички субјект ќе биде позициониран како десничарска партија и ќе функционира со модел на заедничко раководење, со двајца копретседатели – Билал Касами и Изет Меџити.
– Идеолошки ќе бидеме ориентирани центар-десно. Сега се работи на операционализирање на новата платформа – рече тој.
Со одржувањето на конгресот, Вреди треба да го заокружи процесот на политичко консолидирање и да го дефинира своето понатамошно дејствување на политичката сцена.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
