Полицијата поднесе кривична пријава против 45-годишен вработен во Управа за имотно-правни работи во Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и фалсификување документи при приватизација на државно земјиште.
Според информациите од СВР Куманово, осомничениот, кој работел во подрачното одделение на Управата во Куманово, овозможил донесување и спроведување решенија за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на две лица, со што им било овозможено да стекнат имот без правен основ.
Полицијата утврдила дека во предметите бил направен недозволен пренос на идентитетот на подносителите, односно решенијата биле издадени на лица различни од оние заведени во службените книги. Дополнително, документацијата не била правилно евидентирана, содржела контрадикторни податоци, а дел од материјалите недостасувале.
Во решенијата биле наведени и непостоечки записници, внесувани биле невистинити податоци, а не било известено ни државното правобранителство, што е задолжително во вакви постапки. Со ваквото постапување, според полицијата, била нарушена законитоста на управната постапка и било овозможено противправно стекнување на државен имот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
