Младиот пејач Д4вд (D4vd) е уапсен во Лос Анџелес под сомнение за убиство на тинејџерката Селест Ривас Хернандез, чие распарчено тело било пронајдено во автомобил регистриран на негово име.
Станува збор за случај што ја шокираше јавноста уште во 2025 година, кога во напуштена „Тесла“, пренесена на отпад во Холивуд, биле откриени распаднати човечки остатоци. Подоцна било утврдено дека се работи за 13-годишната девојка, која исчезнала уште во 2024 година.
Според полицијата, автомобилот бил регистриран на пејачот, а истрагата со месеци собирала докази пред да биде издаден налог за апсење.
По месеци истрага, Д4вд бил официјално означен за осомничен во февруари 2026 година. Во овој период, дополнително внимание привлекол фактот дека членовите на неговото семејство се обиделе да избегнат сведочење пред големата порота.
Апсењето се случило на 16 април 2026 година, а пејачот моментално се наоѓа во притвор без можност за кауција.
Според „Билборд“, неговиот случај ќе биде проследен до канцеларијата на државниот обвинител, кој ќе одлучи дали да покрене обвинение. Неговите адвокати веднаш одговориле велејќи дека доказите не докажуваат дека Дејвид Бурк ја убил Селест Ривас и нагласиле дека сè уште не се поднесени формални обвиненија против него.
Инаку, младиот пејач, од анонимен стример стана глобална ѕвезда за само неколку години.
Во моментот кога се најде во центарот на скандалот, D4vd беше на врвот на својата кариера. По виралниот хит „Romantic Homicide“ и успешниот деби албум „Withered“, тргна на голема турнеја, која непријатно ги изненади сите што го следеа овој случај бидејќи му беше дозволено да продолжи да има концерти додека полицијата се обидуваше да ја докаже неговата вина.
Истрагата е сè уште во тек, а јавноста чека понатамошен развој на настаните и можни обвиненија. Во меѓувреме, случајот D4vd стана една од најшокантните приказни што го поврзува светот на музиката и криминалот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
