Background

Властите во Иран делумно го ослободија пристапот до интернет и повторно дозволија телефонски разговори со странство по речиси 50-дневни ограничувања воведени по почетокот на конфликтот со САД и Израел

Властите во Иран делумно го ослободија пристапот до интернет и повторно дозволија телефонски разговори со странство по речиси 50-дневни ограничувања воведени по почетокот на конфликтот со САД и Израел.

Според информациите од Техеран, повторно се дозволени меѓународни повици преку фиксна телефонија, а повиците преку мобилни телефони остануваат блокирани.

Дел од онлајн-услугите, вклучително и оние на „Гугл“, повторно се достапни, но функционираат нестабилно.

- Advertisement -
Ad image

Иранските власти во голема мера го ограничија пристапот до интернет на крајот на февруари дозволувајќи користење само на таканаречениот национален интернет, што овозможува пристап исклучиво до одобрени домашни веб-страници. Некои од воените и безбедносните структури задржаа неограничен пристап до интернет.

Владата во Иран ги правдаше мерките дека се донесени од безбедносни причини, а одредени аналитичари сметаат дека ограничувањата биле насочени и кон спречување ширење информации за последиците од војната и за севкупното расположение во земјата.

Од минатата седмица во сила е двонеделно примирје меѓу САД и Иран.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation